Мбапе му дал ветување на Реал Мадрид

Во Реал Мадрид се убедени дека следното лето ќе им се приклучи Килијан Мбапе, пренесуваат шпанските медиуми. Французинот наводно им дал збор на раководните лица во „кралскиот клуб“, кој не може официјално да почне да преговара со фудбалерот на 1. јануари.

Реал минатото лето се обиде да го откупи договорот на Мбапе од Пари Сен Жермен една година пред неговото завршување, но ПСЖ упорно ги одбиваше сите понуди во надеж дека 21-годишникот ќе се премисли и ќе остане во клубот.

Овојпат ситуцијата е поинаква, Мбапе може да си замине без отштета и дозвола од францускиот гигант, а со оглед на одбиените понуди за нов договор во последните месеци се поизвесно е дека следното лето ќе следи преселба во Шпанија. Според мадридскиот весник „Ас“, Мбапе му ветил на претседателот Флорентино Перез дека воопшто нема да ги разгледува останатите понуди. Сите детали од договорот меѓу Мбапе и Реал се веќе средени, а истиот ќе биде официјализиран со преддоговор потпишан во текот на месец јануари.

Се вчитува...