Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, експресно се враќа на терените иако беше најавено дека би можел да паузира два месеци по повредата на главата што ја заработи на мечот против Лион, кога имаше жесток судир со противничкиот голман Лопез. Тој мина специјални лекарски тестови, и на крајот доби дозвола од невролог повторно да игра фудбал, што секако е голема вест за тренерот на „светците“, Унаи Емери. Претходно, имаше информации дека Мбапе ќе паузира два месеци и дека ќе ги пропушти осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Покрај Мбапе, во составот за дуелот против Рен во Лига – купот на Франција е вклучен и Ласана Дијара, новото засилување на ПСЖ, кој пристигна на „Паркот на принцовите“ како слободен агент оваа зима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА