Мбапе фасциниран од својот иден дом – „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Килијан Мбапе е фудбалерот кој најмногу го привлекува вниманието на фудбалската јавност, па откако стигна во Мадрид сите погледи се вперени кон Французинот и неговите рекации и импресии од „Сантијаго Бернабеу“.

Килијан беше јунак на својот тим на првата осминафинална средба меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, тој го постигна единствениот гол. Францускиот репрезентативец допатува со својот тим во Мадрид за реванш мечот, вечерва ќе игра уште од првата минута, повредата не е сериозна.

Добро е познато дека со месеци се зборува дека следното лето ќе го облече дресот на Реал Мадрид. По пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“, тој го „скенираше“ стадионот.

По она што може да се види, Мбапе е воодушевен од овој стадион, кој се уште е во процес на реновирање и ќе биде еден од најубавите и најмодерни во светот кога целосно ќе заврши реновирањето. Видеото стана за кратко време хит на социјалните мрежи. Натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ се игра со почеток во 21 часот.

 

 

Се вчитува...