Мбапе ги тргна сите постери од Роналдо (фото)

Килијан Мбапе не крие дека фудбалски идол во детството му бил Кристијано Роналдо, чии постери биле залепени на ѕидовите од детската соба на сегашниот ас на ПСЖ.

Сепак, Мбапе во последните две-три години тргна по стапките на Роналдо, освои неколку трофеи, па и самиот стана мегаѕвезда на фудбалската сцена. Во една таква ситуација, сега Килијан горд на своите остварувања на ѕидот од собата каде израснал стави свои постери, на местото на оние на Кристијано.

Мбапе на својот инстаграм профил денеска објави две фотографии, првата пред, а втората по промената на постерите…

Се вчитува...