Монако одигра шампионски во второто коло од француското првенство, славејќи на гостински терен против Дижон со 1-4. Тренерот Жардим реши да го остави на клупата за резерви Килијан Мбапе, за кого се шпекулира дека е близу до трансфер во ПСЖ, но тоа воопшто не се почувствува во играта на „кнезовите“, кои се прикажаа во импресивно светло, доминираа во текот на 90-те минути и заслужено стигнаа до убедлива победа.
Во главна улога беше Радамел Фалкао, кој го постигна својот прв хет-трик сезонава, а најубавиот погодок на мечот беше дело на дефанзивецот Жемерсон, кој со ножички го совлада голманот на Дижон.
All Goals & highlights – Dijon 1-4 Monaco – 13… by goalsarena2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА