Реал Мадрид и Барселона се огромни ривали, Килијан Мбапе и Ламин Јамал веќе водеа неколку незаборавни битките на терените, но Французинот го остави тој ривалитет зад себе и гласно застана во одбрана на шпанскиот тинејџер.
Јамал е волшебник на теренот, но 18-годишниот Шпанец се почесто е критикуван поради своето однесување надвор од него. Сепак, Мбапе јасно стави до знаење дека притисокот врз Јамал мора да биде намален бидејќи многумина забораваат дека тој се уште е многу млад.
„Очигледно е дека Ламин има огромна страст кон фудбалот и тоа е најважно нешто, тоа не смее никогаш да го загуби. Останатото е поврзано со приватниот живот и искрено говорам кога велам дека луѓето треба да го остават на мир. Во фудбалот тој е извонреден играч, но да не заборавиме дека во животот тој се уште е 18-годишно момче. Сите прават грешки на таа возраст, правиш добри работи, лоши работи, тоа се вика животно искуство. Тој ќе извлече поуки и ќе биде подобар како што ќе минува времето, а во меѓувреме ќе продолжи да игра прекрасен фудбал. Му посакувам среќа“, истакна Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

