Килијан Мбапе кончено го покажува својот потенцијал во дресот на Реал Мадрид. По тешкиот период на адаптација француската ѕвезда „фати ритам“, постигна голови на последните четири натпревари, а беше и најдобар фудбалер на „кралевите“ во средбата со Севилја.
Откако постигна гол и асистенција говореше за медиумите осврнувајќи се и на средбата со Билбао во која беше трагичар промашувајќи пенал.
„Можам да дадам многу повеќе. Знам дека имам уште да покажам. Играм подобро во последните натпревари. Натпреварот со Билбао добро ми дојде, го допрев дното, промашив пенал и дојде време да сфатам дека морам да дадам се од себе за овој дрес“, изјави Мбапе.
За Мбапе говореше и Карло Анчелоти кој изјави дека периодот на адаптација е завршен и сега треба да го очекуваме најдоброто од еден од најдобрите голгетери на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА