Мбапе го израмни рекордот на феноменалниот Кристијано Роналдо

Килијан Мбапе со нов гол од пенал стави печат на победата на Реал Мадрид над Севилја, и тоа на денот кога Французинот го прославуваше својот 27. роденден.

Она што е уште позначајно да се истакне, Мбапе со овој погодок го израмни рекордот на Кристијано Роналдо како играч со најмногу голвои во една календарска година во дресот на Реал Мадрид.

Португалецот имаше 59 погодоци во својата најуспешна 2013 година како дел од „кралското семејство“, нешто што Мбапе успеа да го израмни веќе во првата цела година што ја мина на „Сантијаго Бернабеу“.

„Неверојатно е, Кристијано е мојот идол, а јас во првата година овде успеав да го повторам она што претставуваше негов рекорд. Тој е најдобриот играч во историјата на Реал, го прославив голот со „Сиу“ во негова чест бидејќи секогаш беше многу добар кон мене, иако никогаш не заигравме заедно“, истакна Килијан Мбапе.

Се вчитува...