Килијан Мбапе од Монако се пресели во Пари Сен Жермен, но не ги заборава поранешните соиграчи, посебно доколку се наоѓаат во неволја. Тој му го посвети голот што го постигна против Бордо на Бенџамин Менди, сегашниот член на Манчестер сити, кој минатата сезона му беше соиграч во редовите на „кнезовите“.
Менди сериозно го повреди коленото и ќе паузира подолг период, а Мбапе му порача дека тој мисли на него во овие тешки моменти. Мбапе по постигнувањето на голот, со рацете го покажа бројот „22“, кој го носи Менди во составот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА