Килијан Мбапе немаше гол на последните четири средби, но големиот ас се разбуди на тешкото гостување против Холандија, постигнувајќи два гола со кои стигна и до значајно лично достигнување.
Имено, Мбапе со овие два погодоци стигна до бројката од 42 гола во дресот на „триколорите“, престигнувајќи го легендарниот Мишел Платини на листата на најдобри стрелци во историјата на францускиот национален тим. Интересно, Мбапе денеска го играше 72. натпревар за Франција, колку што имаше и Платини во својата репрезентативна кариера и токму на овој дуел го надмина остварувањето на француската фудбалска легенда.
Асот на ПСЖ сега е четврти најдобар стрелец во историјата на „триколорите“, а пред него се наоѓаат Оливие Жиру (54), Тиери Анри (51) и Антоан Гризман (44).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА