ПСЖ со импресивно издание на гостински терен го демолираше Монпелје со 2-6, меч што го одбележа новото гол-шоу на Килијан Мбапе. Големиот ас го играше својот јубилеен 200. меч во Лига 1 во дресот на ПСЖ, а францускиот репрезентативец се погрижи тоа да го прослави во голем стил, со три погодоци во мрежата на Монпелје.
Витиња го отвори гол-шоуто на овој натпревар со прецизен удар од дваесетина метри, а кога Мбапе погоди а 9-2 се чинеше дека победата на гостите ќе биде рутинска. Фудбалерите на Монпелје имаа поинакви планови, па домаќините до крајот на првиот дел успеаја целосно да се вратат израмнувајќи на 2-2.
Тоа беше само мотив повеќе за „светците“ предводени од Мбапе да го демолираат противникот, Французинот постигна уште два погодоци, по еднаш прецизни беа Ли и Мендеш за 17. победа на ПСЖ сезонава и зголемување на предноста во однос на второпласираниот Брест на 12 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА