Еден од најдобрите светски фудбалери Килијан Мбапе , преку посредник од Француската фудбалска федерација, испратил жалбено барање за решавање на неговиот случај со ПСЖ до Професионалната фудбалска лига на Франција (ЛФП) како и до УЕФА, поради долг од 55 милиони евра.
Мбапе ги информирал ЛФП и УЕФА за долгот од ПСЖ од 55 милиони евра кон него, откако претходно не успеал низ взаемна комуникација со досегашниот свој клуб да го надмине проблемот, пишува француски „Ле Монд“.
Побарувањата на Мбапе се за неисплатени плати и бонуси, сума што ја вклучува последната третина од бонусот за потпишување (36 милиони евра бруто) која играчот требаше да ја добие во февруари, потоа последните три месеци од платите предвидени во неговиот договор (април, мај и јуни), како и „етички бонус“ исто така за овие три месеци. Советниците на фудбалерот испратија формално известување до ПСЖ кон средината на јуни, но се до овој момент од ПСЖ не ги подмириле долговите поради што сега следи тужбата до ЛФП и УЕФА.
Доколку се утврди, при почната постапка пред европските фудбалски институции, дека ПСЖ е виновен, тогаш може да следи и исфрлање на францускиот шампион од настапите во Лигата на шампионите во новата сезона.
🚨 Kylian Mbappé has contacted the LFP and UEFA to report PSG for not paying him money owed.
The Real Madrid star is demanding €55M in unpaid wages and bonuses.
If found guilty, PSG risk being expelled from the Champions League. ⏳
(Source: @lemondefr) pic.twitter.com/00BgLSMK5y
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА