Францускиот фудбалер Килијан Мбапе претрпе нов судски удар во долготрајниот спор со неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен. Апелациониот суд во Париз го одби второто жалбено барање на Мбапе за враќање на превентивното замрзнување на сметките на клубот, кое претходно беше укинато во мај оваа година.
Мбапе бараше замрзнување на околу 55 милиони евра од сметките на ПСЖ, тврдејќи дека му должат неисплатени плати за периодот април-јуни 2024 година и бонуси за лојалност. Клубот, пак, тврди дека постоел усмен договор со играчот за откажување од дел од сумите по неговото одбивање да го продолжи договорот.
Судот не само што го одби барањето на Мбапе, туку го осуди и да ги покрие судските трошоци, како и да плати дополнителни 3.000 евра на ПСЖ поради злоупотреба на постапката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

