По три кола без постигнат гол на стартот од сезоната во Ла Лига, Килијан Мбапе конечно со погодок во дресот на Реал Мадрид во шпанското првенство.
И, тоа не еден, но овој пат двапати беше прецизен во победата над Бетис, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ова е момент кој долго го сонував. Отсекогаш се надевав дека ќе постигнам гол на ‘Сантијаго Бернабеу’. Тоа е легендарно место и веројатно најдобриот стадион на светот. Се чувствувам посебно поради тоа, но пред, најважно е што успеавме да дојдеме до победа по ремито со Лас Палмас“ – вели Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА