Мбапе херој, Франција ја освои Лигата на нации (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Франција е освојувач на второто издание на Лигата на нации откако во неверојатно интересен натпревар во финалето славеше над Шпанија со 1-2.

По првите шеесет минути по кои не видовме многу фудбал, Шпанците поведоа со голот на Микел Ојарзабал во 64. минута. Сепак, нивната радост траеше само две минути, бидејќи Карим Бензема со неверојатен гол во 66. израмни на 1-1.

Човек на одлука на мечот беше Килијан Мбапе кој го постигна победничкиот погодок во 80. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...