Мбапе и Дембеле ќе бидат дел од тимот на ПСЖ против Монпелје

Очигледно целата сапуница околу иднинаната на Килијан Мбапе во Пари Сен Жермен стивнува, откако одличниот фудбалер се врати на тренинзите за својот клуб.

Денеска стигна потврда дека тој е на списокот на играчи кои треба да настапат на утрешниот меч против Тулуз, а на него е и најновата аквизиција на „светците“, Усман Дембеле.

Се очекува Дембеле да биде стартер, а за Мбапе има дилеми бидејќи до пред некој ден не тренираше со првиот тим.

Се вчитува...