Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп изјави дека капитенот на тимот Килијан Мбапе и покрај слабата форма на Европското првенство ќе даде се од себе против Шпанија.
Мбапе, кој го скрши носот на првиот натпревар во Германија, неодамна призна дека не игра според очекувањата на турнирот. Тој постигна еден гол, од пенал, пропушти неколку шанси, а во четвртфиналето против Португалија побара да биде заменет пред второто продолжение.
На темата говореше и Адриен Рабио кој ја потврди информацијата на својот селектор дека Мбапе и Гризман не се доволно свежи на овој шампионат.
„Точно е дека Антоан и Килијан не се доволно свежи. Но, ние сме тука да ги туркаме. Ние сме 100 проценти со нив, тие се играчи кои можат да направат разлика во секој момент, имаат нешто дополнително. Треба да победиме и да ја завршиме работата“, изјави Рабио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА