Мбапе и Нејмар продолжија да го провоцираат Халанд и во соблекувалната (ВИДЕО)

ПСЖ првпат од 2016 година се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со победата на празниот „Парк на принцовите“ против Борусија Дортмунд од 2-0.

Веднаш по дуелот следеше големо славје на фудбалерите на ПСЖ, а посебна мета беше младиот Норвежанец Ерлинг Халанд. 19-годишниот тинејџер одигра одличен меч во Дортмунд, постигна два гола, а првиот го прослави имитирајќи медитација.

Нејмар синоќа својот гол го прослави на идентичен начин, а по мечот целиот тим на ист начин го провоцираше Халанд. Провокациите продолжија и во соблекувалната, а шоуто го предводеа Мбапе и Нејмар…

 

Се вчитува...