Фудбалерите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Антонио Ридигер, добија казна од УЕФА, но избегнаа суспензија, па ќе можат да настапат на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите против Арсенал.
Мбапе и Рудигер добија условна суспензија поради „повреда на основните правила за пристојно однесување“ по мечот против Атлетико Мадрид во осминафиналето во ЛШ.
Обвиненијата беа покренати поради начинот на кој фудбалерите го прославија триумфот над Атлетико Мадрид. УЕФА соопшти дека Ридигер е казнет со парична казна од 40.000 евра, Мбапе со 30.000 евра, а Дани Себаљос, е казнет со 20.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА