Килијан Мбапе повторно е главна вест на француските медиуми, овојпат не поради настапите и односите со соиграчите во ПСЖ, туку поради љубовниот живот на репрезентативецот на „триколорите“.
Мбапе ја завршил врската со трансродовата манекенка Инес Рау, за само неколку дена подоцна да биде обелоденето дека голгетерот има нова љубов. Станува збор за белгиската манекенка Роуз Бертрам, која е многу популарна на Инстаграм, со над 850.000 следбеници.
Бертрам е поранешна девојка на екс-фудбалерот на ПСЖ, Грегори ван дер Вил. Таа беше осум години во врска со дефанзивецот, со кого има и две ќерки.
Мбапе и Бертрам се почесто се забележани заедно во Париз, доволно за да се појават и информациите за новата љубов на асот на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА