Сагата околу конфликтот меѓу Килијан Мбапе и ПСЖ конечно заврши откако францускиот суд денеска донесе пресуда во корист на фудбалерот, наредувајќи му на клубот да му исплати дури 61 милион евра што ПСЖ му ги должеше на голгетерот.
Мбапе си ги бараше парите што му се должеа заедно со бонусите од последната сезона во дресот на ПСЖ, додека клубот поднесе одделна тужба до судот против Килијан, поради неисполнети ветувања поради кои воедно „светците“ и одбиваа да го покријат долгот кон фудбалерот.
Судот целосно ја отфрли тужбата на ПСЖ, додека Мбапе бараше дури 263 милиони евра. Од оваа сума, тој ќе добие „само“ 55 милиони евра што му следат согласно договорот, плус шест милиони како бонуси и камати, а судот и отфрли високите барања за нанесена душевна болка како и за незаконит раскин на договорот.
На потег се челниците на ПСЖ кои имаат право на жалба, па ќе биде интересно да се види дали ќе одат до крај или ќе стават крај на оваа сапуница и ќе ја исплатат сумата наведена во денешната пресуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

