Најдобриот француски фудбалер на денешницата и член на Реал Мадрид, Килијан Мбапе во разговор за медиумите во Шпанија ја откри разликата меѓу неговиот сегашен клуб и актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен во кој играше претходно.
Тој на неубав начин го напушти клубот од француската престолнина, а сега со најновата изјава повторно фрла отровни стрели кон парижаните.
„Разликата е едноставно во тоа што Реал е најдобриот клуб во светот.Навикнат сум на притисок од публиката. Но тука си велиш: ‘Јас сум во најдобриот клуб во светот, морам да победувам, да се претставувам добро, да бидам пример за соиграчите и за навивачите“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

