Мбапе ја „скина мрежата“ и ја носи Франција во 1/4 финале (ВИДЕО)

Во вториот дел е далеку помирно на мечот меѓу Франција и Полска, но Килијан Мбапе во 75. минута носи 2-0 за Французите. Полјаците залудно се обидуваа, кога после еден противнапад, актуелниот светски првак ќе оди меѓу најдобрите осум.

Класичен противнапад топката од десната кон левата страна, Мбапе се намести и ја смести топката во горниот лев агол. Мбапе ја „скина“ мрежата за ова водство кое ги носи „петлите“ во следната фаза.

Франција таму ќе го чека подобриот од дуелот Англија – Сенегал.

Се вчитува...