Франција и Аргентина ќе играат продолженија на Светското првенство во Катар откако по 90 минути натпреварот заврши нерешено 2-2.
Првата шанса ја имаше Аргентина во 10. минута кога Де Пол биеше од 20-тина метри, а неговиот удар беше одбиен во корнер. Нова шанса „гаучосите“ имаа во 17. минута кога Ди Марија биеше лошо, а топката заврши над голот на Игор Љорис.
Аргентина поведе со 1-0 во 20. минута откако повторно доби сомнителен пенал на овој шампионат. Усман Дембеле минимално го допре Ди Марија кој падна, а главниот судија на мечот Полјакот, Марчинијак досуди на белата точка. Пеналот прецизно го изведе Лионел Меси.
До крајот на првото полувреме веќе беше и 2-0 со голот на Анхел ди Марија во 36. минута. Лошата игра во првиот дел донесе до тоа Дешан уше во 40. минута да ги промени Дембеле и Жиру на чие место влегоа Турам и Коло Муани.
Франција првиот удар на мечот го имаше дури во 70. минута кога Килијан Мбапе биеше над голот на Мартинез. И кога сите мислеа дека е готово, Килијан Мбапе со два гола ги врати во игра „триколорите“ за само две минути во 80. и 82. минута.
Argentina [1] – 0 France – Lionel Messi 23′ (Penalty) from soccer
Argentina 2 – [1] France – Kylian Mbappé penalty 80′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА