Килијан Мбапе е суспендиран на само еден натпревар, поради бруталниот старт врз фудбалерот на Алавес, Антонио Бланко. Французинот беше исклучен во 38. минута, откако судијата Сото Градо му покажа жолт картон, но по ВАР консултација ја преиначи одлуката и доби исклучување.
Според прописите, Мбапе можеше да биде дисквалификуван од еден до три натпревари.
Сепак, според извештајот на судиите, тој се обидел да ја земе топката, и токму поради тоа доби минимална казна. Оваа одлука не им се допадна на навивачите на Барселона, кои очекуваа и бараа поголема казна поради преостриот старт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА