Само пет дена тренинзи беа доволни за Килијан Мбапе да го убеди Карло Анчелоти дека е подготвен за своето деби во дресот на Реал Мадрид, и тоа на пресметката од Суперкупот на Европа против Аталанта.
Овој меч е закажан за среда во Варшава, Анчелоти денеска го објави списокот на Реал со патници за полскиот главен град, каде се најде и името на Мбапе. Французинот најверојатно нема да стартува од првата минута, но според мадридските медиуми сигурно ќе го видиме на дело во второто полувреме од дуелот со Аталанта.
Покрај Мбапе, на списокот на Анчелоти се најде и Ендрик, младиот Бразилец кој исто така летово официјално се приклучува на актуелниот европски шампион.
📋✅ ¡Nuestros convocados para la Supercopa de Europa!
🆚 @Atalanta_BC#SuperCup pic.twitter.com/jdLzYL4nSW— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

