Мбапе ќе добие 250 милиони евра за пет години во Реал, ПСЖ веќе му најде замена

ПСЖ постави ултиматум до Килијан Мбапе со рок до крај на месецов да ја активира клаузулата за продолжување на договорот, а во спротивно ќе биде продаден. А, каква е ситуацијата во моментов јасно е дека Мбапе не планира продолжување на договорот, но планира преселба во Реал Мадрид.

Мбапе неодамна веќе го информирал ПСЖ дека нема да ја активира клаузулата од ланскиот нов договор за останување до 2025 година, со желба идното лето да си оди како слободен играч а претходно од францускиот тим ќе „собере“ за новата сезона 150 милиони евра (60 милиони евра плата и 90 милиони за верност).

Реал Мадрид, пак, во меѓувреме испрати понуда до Мбапе според која Французинот на „Сантјаго Бернабеу“ би добил 250 милиони евра за пет години, плус бонуси. Понудата е 50 милиони евра годишна плата плус бонуси, и петгодишен договор со опција за дополнително продолжување на договорот.

Сепак, за целиот случај се прашува и ПСЖ кој, без разлика на се, нема намера бесплатно да го загуби, и ќе се бори до крај за финансиски надомест. Веќе постојат информации дека парижаните бараат повеќе од 200 милиони евра за трансфер.

А, бидејќи се појасно е дека Мбапе сака да замине, ПСЖ веќе ја пронајде и неговата замена во името на Усман Дембеле кој има договор со Барселона до јуни 2024 година но и откупна клаузула од 50 милиони евра. Ако Мбапе замине ова лето, ПСЖ е спремен да ја активира откупната клаузула за ангажман на Дембеле.

Се вчитува...