Килијан Мбапе беше стрелец за Реал Мадрид на синоќешниот дуел со Вилјареал, но голгетерот пред самиот крај на мечот заработи повреда поради која мораше да биде заменет.
Сепак, денешните информации околу здравствената состојба на Мбапе се позитивни, па нема сомнеж дека напаѓачот ќе биде дел од француската репрезентација за претстојниот октомвриски прозорец. „Триколорите“ утре ќе го имаат првиот собир, а на него се очекува да биде и Мбапе, кој веднаш ќе стартува со тренинзи со репрезентативните колеги.
Прегледите во Мадрид покажале дека проблемот со скочниот зглоб не е сериозен, па настапот на одличниот голгетер против Азербејџан (в петок) и против Исланд (13 октомври) не е доведен во прашање.
Останува да се види одлуката на селекторот Дешамп, дали Мбапе ќе ги одигра сите 90 минути на двете средби или неговата минутажа ќе биде „менаџирана“ за да не се влоши состојбата на повредениот зглоб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

