Мбапе: Ќе останам во ПСЖ и следната сезона, а потоа…

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека сигурно ќе игра за клубот од Париз следната сезона и додаде дека во јуни 2024 година ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Мбапе неодамна објави дека ги известил челниците на Пари Сен Жермен дека нема да ја активира клаузулата во договорот за продолжување на соработката со „светците“ до јуни 2025 година. Францускиот репрезентативец би можел да го напушти ПСЖ без обештетување на крајот од следната сезона.

„Ќе останам во Пари Сен Жермен и следната сезона, а потоа ќе одлучам за мојата иднина во јуни 2024. Многу работи можат да се случат за една година, особено во клуб како ПСЖ“, изјави Мбапе.

Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. За францускиот шампион оваа сезона одигра 43 натпревари и постигна 41 гол во сите натпреварувања.

Се вчитува...