Мбапе конечно проговори за однесувањето на Мартинез, но и за Меси: „Прославите не се мој проблем…“

Целиот фудбалски свет беше згрозен од однесувањето на аргентинскиот голман Мартинез за време на прославувањето на светската шампионска титула кога во соблекувалната најпрво го прогласи Мбапе за мртов и побара минута молк за него, а потоа на улиците во Буенос Аиерес носеше кукла со ликот на францускиот напаѓач.

Мартинез за кратко време стана омразен во светот на фудбалот, а Мбапе досега главно одлучи да не реагира на сите тие провокации.

Но, молкот го прекина синоќа по мечот на ПСЖ против Стразбур, притоа се чини засекогаш замолкнувајќи го Мартинез…

„Прославите не се мој проблем. Не трошам енергија на такви тривијални работи. Мене ми е најважно да дадам се најдобро од себе за клубот“ – притоа одговорајќи и за својот однос со Лео Меси кој не реагираше на срамното однесување на Мартинез.

„Ќе го почекам Меси да се врати па ќе продолжиме заедно да даваме голови и да победуваме. Зборував со него и му честитав. Тоа за него беше животна цел, за мене исто така, но не успеав во Катар. Но, секогаш треба да се остане добар играч“.

Се вчитува...