Мбапе: Маската? Апсолутен хорор

Францускиот репрезетативец Килијан Мбапе во дуелот против Австрија заработи скршеница на носот која ги примора да носи заштитна маска во продолжението од Европското првенство кое се одржува во Германија.

Тоа за него е ново искуство за кое вели дека воопшто не е пријатно па и мораше да промени четири маски досега.

„Апсолутен хорор. Ги менувам бидејќи ниту една не ми одговара. Ми го намалува видното поле и ми ја задржува поттна на лицето. Се чувствувам како да гледам Евро во „3Д“ технологија како некој специјален гостин“, вели Мбапе.

Се вчитува...