Мбапе: Ме погоди тоа што луѓето велат дека сум себичен, јас и Лука имавме договор

На мечот на Реал Мадрид против Реал Сосиедад, Лука Модриќ се прости од својот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Мадриѓаните  добија пенал на тој меч, а се очекуваше 39-годишниот капитен да го земе како збогување. Од трибините се слушаше „Модриќ, Модриќ“, но Килијан Мбапе реши да шутира.

Французинот потоа беше нападнат од навивачите кои на социјалните мрежи го обвинија дека е себичен, а причината поради која Мбапе ја зема топката се крие во трката за Златната копачка, наградата за најдобар стрелец во Европа.

Сепак, според шпанските медиуми, имало договор меѓу Мбапе и Модриќ, а самиот хрватски капитен инсистирал Мбапе да шутира и да се обиде да се доближи до „Златната копачка“.

„Навистина ме погоди тоа што луѓето мислат дека сум себичен и дека не сакав да му го доделам пеналот на Лука кога стадионот го побара тоа. Тоа не е мој начин да го разбирам фудбалот. Јас и Лука однапред се договоривме, првиот пенал е мој, а ако има и втор, тој ќе го изведе“, изјави Мбапе. 

Се вчитува...