Познати се тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата ФИФА најдобар играч на годината. Во нив се Килијан Мбапе, Лионел Меси и Ерлинг Халанд. И натаму аргентскиот ас е фаворит за освојување на ова признание, пред се поради фактот дека го освои Мундијалот, иако тој беше календарски во текот на минатата година.
Килијан Мбапе беше најдобар стрелец во француското првенство, и еден од заслужните за финалето на Франција во Катар. Ерлинг Халанд, пак, беше најефикасен во Премиерлигата, и му помогна на тимот да дојде до тројната круна, во Премиерлигата, во Лигата на шампионите и во Купот на Англија.
#TheBest FIFA Men’s Player Finalists! 🏆🤩
🇳🇴 Erling Haaland
🇫🇷 Kylian Mbappe
🇦🇷 Lionel MessiLearn more about the final three. 👀🧵
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

