Мбапе: Не сум себичен, Модриќ ми дозволи јас да го изведам пеналот бидејќи…

Лука Модриќ, легендата на Реал Мадрид по 13 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“ го одигра последниот натпревар за славниот шпански клуб во последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад. Хрватот заминува од клубот како најтрофеен играч во историјата, а можеше да замине и со постигнат гол.

Во тоа го спречи Килијан Мбапе кој ја превзема одговорноста за изведе обид од белата точка па беше мета на критичарите по средбата. Французинот го образложи потегот велејќи дека го направил тоа во договор со Лука Модирќ.

„Ме повреди тоа што луѓето мислат дека сум себичен и дка не сакав да го препуштам пеналот на Лука кога и цел стадион го бараше тоа. Тоа не е мојот начин на сфаќање на фудбалот. Лука и јас однапред се договоривме дека првиот пенал е мој, а ако има втор, тој ќе го изведе“, откри Мбапе.

Мбапе имаше „мотив повеќе“ за постигнат гол со оглед на тоа беше во конкуренција за Златната копачка за најдобар стрелец во европскиот клупски фудбал. Голот против Реал Сосиедад му беше 31. во сезоната со што Мбапе го освои големото индивидуално признание пред Ѓокереш и Салах.

Се вчитува...