Мбапе: Можеби Вини некогаш провоцира, но никако не заслужува ваков третман

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид во моментов Килијан Мбапе, повторно застана во добрана на својот соиграч Винициус Жуниор кој беше нападнат на раситисчка основа на натпреварот со Бенфика во Лигата на шампионите.

Мбапе кажа дека можеби и Вини некогаш провоцирал и се однесувал лошо, но тоа не е причина да трпи напади на расистичка основа.

„Ова не е првпат Вини да се соочи со вакво нешто. Ме боли кога го гледам тоа. Секогаш има луѓе кои го бранат ваквото однесување, велејќи дека тој само провоцира. Дали некогаш провоцирал: Можно е. Дали направил лоши работи? Можно е. Но, тој не го заслужува ова. Не разбирам луѓето кои кажуваат дека го заслужува ова. Има луѓе како него кои не доживеале нешто вакво и нема да доживеат, и затоа зборуваат така. Никогаш нема да верувам дека некој заслужува да биде третиран на овој начин“, рече Мбапе.

Се вчитува...