Мбапе му пресуди на Олимпик Марсеј

Килијан Мбапе пред повеќе од една година го напушти ПСЖ, но Олимпик Марсеј се уште има кошмари од ова презиме, откако помладиот брат Етан Мбапе им пресуди на „сино-белите“ на вечерашниот меч во Лил (1-0).

Се играше 10. минута кога Мбапе втрча во шеснаесетникот, гостинскиот голман непотребно истрча од гол-линијата и му помогна на младиот голгетер да ја смести топката во мрежата.

Олимпик имаше повеќе од играта, создаде неколку шанси, но домашниот голман Берке Озер беше на висина на задачата и ја осигура победата на Лил, по што овој тим сега е израмнет со Марсеј со по 29 бода, на делба на третото место на табелата.

Победничкиот погодок на Мбапе за триумф на Лил може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...