Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти нема да може да смета на услугите на Килијан Мбапе за престојниот натпревар против Леганес во четвртфиналето од Купот на Шпанија поради повреда.
Тоа го откри искусниот италијански стратег велејќи дека Французинот дополнително ќе одмара поради повредата на потколеницата.
„На Мбапе му дадовме дополнителен ден за рехабилитација. Денеска тренираше, но има хематом на листот и нема да биде достапен утре“, откри Анчелоти во најавата на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

