СРАМОТА: Мбапе не дозволи шпалир за фудбалерите на Барселона

Финалето од шпанскиот Суперкуп донесе големо воздубување во Џеда каде Барселона со 3-2 славеше над вечниот ривал Реал Мадрид.

Интересно, крајот на натпреварот не помина според традиција, фудбалерите на Реал Мадрид не им оддадоа почит на ривалите со шпалир, а за тоа виновен е Килијан Мбапе, откриваат шпанските медиуми.

Францускиот напаѓач кој влезе во игра како доцна замена е виден како ги насочува соиграчите подалеку од теренот.

„Фудбалерите на Барселона формираа почесен шпалир за Реал, но потоа Французинот е забележан како три пати им кажува на соиграчите да не аплаудираат на Барселона додека катлаонците ги примаа медалите. Тој покажа однесување на лош, огорчен губитник. Некои од соиграчите на Мбапе го послушаа голгетерот, додека дел од останатите сепак покажаа респект кон Барселона“, пишуваат каталонските медиуми,

За разлика од него, претседателот на клубот, Флорентино Перез го почитуваше протоколот и им честита победа на ривалите на теренот.

Се вчитува...