Веста за Килијан Мбапе кој е несреќен и сака да го напушти Пари Сен Жермен, само неколку месеци по потпишувањето на новиот договор, е централна тема во француските медиуми.
По натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, кој заврши 1-1 и на кој Мбапе го постигна водечкиот гол за „парижаните“ од пенал, на оваа тема проговори и тренерот на Кристоф Галтие.
„Килијан беше максимално фокусиран на натпреварот. Убеден сум дека Мбапе не е блиску до заминување. Сè се пишува овде. Гласините стануваат вест, вестите стануваат извештаи и сето тоа се случува пред еден многу важен натпревар за нас. Ништо не е случајно“, рече Галтие.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА