Мбапе не мисли сега ни на ПСЖ ни на Реал: Се забавува во Кан и се „вљубил на прв поглед“ (ВИДЕО)

Килијан Мбапе на крајот од сезонава го очекува преселбата во редовите на Реал Мадрид каде ќе ја продолжи својата кариера.

Но, очигледно и тоа најмалку се оптоварува сега со ПСЖ и со Реал, препуштајќи се на забавата со своите досегашни клупски колеги. Мбапе изминативе денови беше снимен како, заедно со Усман Дембеле, се забавува на престижниот филмски фестивал во Кан.

Сепак, медиумите не пропуштија еден момент кој социјалните мрежи веќе го именуваа како „љубов на прв поглед“… Мбапе цело време не можел да го тргне погледот од една девојка со француско знаме, по која социјалните мрежи веднаш почнаа со потрага. Никој не можеше да го открие идентитетот на девојката која го привлекла вниманието на Мбапе се до моментот кога била посочена од една нејзина пријателка.

„Мислам дека Килијан не може да ги одлепи очите од тебе“ – е објавата на пријателката по што идентификувана е Леа, која очигледно го привлече вниманието на Мбапе.

 

Се вчитува...