Пари Сен Жермен доживеа вистински шок на домашен терен на „Паркот на принцовите“ откако загуби од Ница со 2-3 во премиерниот меч од 5. коло во француската Лига 1.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 со голот на Мофи во 21. минута, а до крајот на првото полувреме беше 1-1 со погодокот на Килијан Мбапе во 29. минута.
Гостите до ново водство стигнаа во 53. минута преку Лаборд, додека на 1-3 зголеми Мофи со својот втор гол во 69. минута. Конечните 2-3 беа дело на Мбапе во 87. минута.
PSG 1 – [2] Nice – Gaetan Laborde 53′pic.twitter.com/wZbPWJ2XBR
— GoalRushHQ (@GoalRushHQ) September 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА