Килијан Мбапе е решен да ги земе сите пари што му ги должи ПСЖ, откако не прифатил никаков дијалог ниту пак посредништво од страна на Француската професионална лига по денешниот состанок меѓу адвокатите на голгетерот и правниот тим на францускиот шампион.
Како што е веќе познато, ПСЖ му должи 55 милиони евра на Мбапе на име неисплатени плати и бонуси од минатата натпреварувачка сезона. „Светците“ се бесни што тој без никаква отштета како слободен играч се пресели во Реал и одбиваа да исплатат дел од бонусите, со што уште повеќе се нарушија односите со најдобриот француски фудбалер.
Челниците на правната комисија на Француската лига се понудиле да дејствуваат како медијатори во овие разговори, што експресно било одбиено од страна на адвокатите на Мбапе.
„Се спомена медијација, но веднаш одбивме такво нешто. Ова е едноставен случај, постои договор за плаќање и постои сметката на фудбалерот како доказ дали тие плаќања биле извршени согласно договорот. Се што треба е наједноставна анализа на финансиите на фудбалерот, нема потреба од медијација“, порачаа од правниот тим на Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА