Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе изјави дека сака да игра за француската репрезентација и додаде дека дресот на репрезентацијата секогаш му бил на прво место.
Мбапе за француската репрезентација одигра 86 натпревари и постигна 48 голови. На овогодинешното Европско првенство во Германија, Франција се пласираше во полуфиналето, каде беше поразена од Шпанија (1-2).
Тој објасни зошто не играл за француската репрезентација на натпреварите од Лигата на нации во октомври и ноември.
„Нема ништо поважно од репрезентацијата. Се повредив во октомври, а не можам да кажам ништо за натпреварите во ноември. Тоа е одлука на селекторот Дидие Дешам, која морам да ја почитувам. Тој се прашува. Сакав да играм за Франција во ноември, но селекторот не ми се јави, извинете, но не можам да кажам зошто не ми се јави“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

