Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, призна дека би сакал да има кариера како Кристијано Роналдо. Мбапе е моментално најдобар стрелец на Мундијалот во Катар со пет голови, и го очекува натпревар во полуфиналето со Мароко.
Франвуските медиуми тврдат дека играчот на ПСЖ ќе биде одбран за МВП на СП доколку Франција се пласира во финалето. Новинарите пред натпреварот со Мароко го прашаа Мбапе дали сака да има кариера како Лионел Меси.
„Сакам да имам кариера како Кристијано Роналдо, затоа што е невозможно да го имитирам Меси. Доцна е за мене да изградам кариера како Меси“, рече Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА