И пред реваншот во Сан Себастијан помеѓу Реал Сосиседад и ПСЖ, се знаеше дека францускиот првак со една нога е во 1/4 финалето, и тешко беше за очекување дека Сосиедад ќе успее да ја анулира предноста од првиот меч која гласеше 2-0 во корист на Французите.
Оспоруваната француска ѕвезда Килијан Мбапе за која се пишува многу во последно време, не се знаеше дали воопшто ќе игра на овој реванш, но тој стартуваше и ја оправда улогата на носителна играта во својот тим. Му тргна на терените низ Шпанија, ако се има во предвид дека многу веројатно ќе игра таму од идната сезона, носејќи го дресот на Реал Мадрид.
Вечерва во Сан Себастијан Мбапе уште во 15. минута постигна убав гол, и ја искина мрежата, но буквално. Со тоа се чини многу рано беше решено прашањето околу патникот во 1/4 финалето. Мбапе во 56. минута после еден противнапад, се најде во идеална позиција и по вторпат го „матираше“ Ремиро за убедлива предност.
Реал Сосиедад имаше добри шанси во финишот, а Мерино во 90. минута само успеа да го ублажи поразот за вкупни 1-4 за француската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА