Мбапе од пенал го спаси ПСЖ (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ во длабокото судиско надополнување дојде до триумф над Стразбур на домашен терен. Со гол од пенал, Мбапе успеа да ги донесе трите бода, откако претходно францускиот првак остана со играч помалку по исклучувањето на Нејмар.

Маркињос во 14. минута по асистенција на Нејмар успеа да донесе водство. Истиот играч си постигна автогол за израмнување на резултатот.

Нејмар за само две минути успеа да добие два жолти картони и да биде испратен во совлекувалната, а во 94. минута досуден пенал за ПСЖ кој го реализираше Мбапе за триумф на првакот.

Претходно Лион го совлада тимот на Брест на гости со 2-4.

Се вчитува...