Мбапе ослабе пет килограми поради вирусот

Килијан Мбапе ослабе неверојатни 4-5 кг поради вирусот кој неодамна го погоди, па дури и го однесе во болница, објави „Марка“. Поради него, напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти почетокот на учеството на тимот на Светското клупско првенство.

Според лекарите, францускиот голгетер го добил вирусот пред тимот да замине за САД на турнирот.

Во меѓувреме, самиот Мбапе објави дека веќе се опоравил. Сподели фотографија од себе од теретана со натпис „Назад на работа“.

Реал е лидер во Групата Х и има уште еден натпревар до крајот на оваа фаза – против РБ Салцбург во 03:00 часот по македонско време во ноќта од четврток кон петок.

Се вчитува...