Мбапе ослободен од обвинувањата за силување

Асот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е ослободен од вина, откако шведското обвинителство оцени дека нема доволно докази за да се обвини 25-годишниот Французин за наводното силување во Стокхолм.

„Идентификувано е лицето осомничено за силување и два случаи на сексуална злоупотреба. Но, доказите се недоволни за продолжување на постапката, па случајот е затворен. Назначеното лице не е осомничено за никакво кривично дело“, изјави обвинителката Марина Чиракова, која го водеше случајот, но не го спомна името на познатиот напаѓач.

Мбапе беше виден во шведската престолнина пред два месеци кога ги пропушти натпреварите на француската репрезентација.

Набргу потоа следуваа обвинувања за гореспоменатите злосторства, а Мбапе од самиот почеток негираше дека е виновен, наведувајќи дека мирно ја чека пресудата иако бил изненаден кога прочитал во медиумите за што се сомничи.

Се вчитува...