По освојувањето на рекордната 11. титула во француското првенство, ПСЖ има и мака помалку влегувајќи го летото откако младата француска ѕвезда Килијан Мбапе потврди дека ќе остане во клубот и во сезоната која следи.
За разлика од Лео Меси и Нејмар од кои се очекува да ја променат средината, 24-годишниот напаѓач вели дека е среќен во Париз и ќе продолжи да настапува во дресот на „светците“.
„Многу сум среќен во ПСЖ и мило ми е што одлучив да останам дел од проектот. Следната сезона ќе играм тука“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА