Килијан Мбапе се запиша како најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Феноменалниот напаѓач дојде до 201 гол во дресот на ПСЖ и дефинитивно нема намера да запре, заканувајќи се пред реваншот со Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Мбапе погоди во триумфот од 4-2 на ПСЖ против Нант, за да по мечот не криејќи го задоволството тврдеше дека знаел дека ќе дојде до рекордот.
„Знаев дека ќе го срушам рекордот. Да играм за ПСЖ за мене кој сум роден во Париз е навистина посебно чувство. Секогаш нагласував дека сакам да запишам историја во Франција, во главниот град, во мојот град. Тоа и го работам. Предивно е чувството но имам уште многу пред мене“ – истакна Мбапе.
За Французинот сега следи реванш дуелот со Баерн Минхен во ЛШ. Баварците имаат предност од 1-0 од првиот меч, но Килијан е убеден дека неговиот тим ќе продолжи понатаму а тој можеби ќе ги запише и 202, 203 или 204 погодок.
„Да, подготвен сум за голови. Можеби и повеќе. Одиме во Минхен за да се избориме за пласман понатаму во ЛШ. Одиме на победа“ – вели Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА